Имам бајилди

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Исечете ги модрите патлиџани по должина. Во средината од секоја половинка патлиџан засечете широки резови, без да пробиете со нож од другата страна, а на секој крај оставете по 13 мм незасечен дел. Посолете ги модрите патлиџани и оставете ги околу 10-15 минути да пуштат горчлив сок. Потоа убаво измијте ги и исушете ги со кујнска хартија.

Загрејте го маслиновото масло во длабока тава. Ставете ги модрите патлиџани во маслото и брзо пропржете ги од двете страни сè додека не омекнат и не добијат светлокафена боја, околу 3-5 минути. Ставете кујнска хартија на послужавник и пренесете ги модрите патлиџани таму; хартијата ќе го впие вишокот маслиново масло.

Подгответе го филот: ставете ги исечканите кромид, лук и пиперка во тава за пржење, додајте 2 супени лажици маслиново масло, суво нане, сол и црн пипер по вкус. Динстајте на ниска температура, повремено мешајќи, околу 10 минути, или додека смесата да омекне, но да не потемни. Додајте ги доматите и динстајте уште 5 минути. Додајте ги доматното пире и магдоносот во смесата, зачинете и оставете да крчка 15 минути, или додека маслото да се крене кон врвот на тавата.

Ставете ги модрите патлиџани на штица за сечкање и раширете ги резовите за да создадете џебови. Со раце наполнете ги резовите со смесата.

Наредете ги полнетите модри патлиџани еден до друг во широк сад. Измешајте маслиново масло со половина чаша вода, сокот од лимон и шеќерот и прелејте го преку модрите патлиџани.

Покријте ја тавата со капак и печете на средна температура. Откако течноста ќе се загрее, печете околу 45-50 минути. Јадењето е готово кога патлиџаните ќе станат меки, со малку течност за готвење останата на дното на садот.

Оставете ги модрите патлиџани да се подоладат, а потоа внимателно пренесете ги во сад за сервирање и прелејте ги со маслото од тавата. Послужете ги на собна температура или студени, со парчиња лимон од страна и малку магдонос врз нив.

Состојки:
2 големи (и тенки, ако е можно) модри патлиџани

1 голем кромид, преполовен и ситно исечен

3 домати, ситно сечкани

3-4 чешниња лук, ситно сечкани

1 китка магдонос, ситно сечкан

1 пиперка бабура (или обична), сечкана

100 мл доматно пире

2 дафинови листа

4 лажици маслиново масло

2 лажички шеќер

1 лажичка сушено нане

сол и црн пипер по вкус

маслиново масло

сок од половина лимон

Објавено

Среда, Февруари 21, 2018 - 23:45

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе