Чешки кнедлики

Приготвување:

Загрејте го млекото да биде млако (во микровална околу 40 секунди). Додајте ги шеќерот и квасецот, промешајте за шеќерот да се стопи и оставете 10 минути.

Во друг сад ставете ги брашното и солта и измешајте.

Кога млекото со квасецот ќе биде готово, во брашното додајте го јајцето, а потоа и смесата со млеко. Матете со миксер за тесто прво на мала брзина, а потоа и побрзо (или измесете го тестото со раце). Ако е премногу лепливо, додајте му брашно.

Покријте го садот со крпа и оставете да нарасне, еден до два часа, време за кое тестото треба да се удвои во волумен. За побрзо, загрејте ја рерната на најмалата можна температура, исклучете ја (за случајно да не се испече тестото), ставете го садот во неа и тестото ќе биде готово за еден час.

Набрашнете ја работната површина, ставете го тестото на неа, малку замесете го и поделете го на три еднакви дела. Секое делче уште малку замесете го и дајте му форма на векна со дебелина од околу 5 сантиметри (измазнете го колку што може повеќе). Покријте ги векните со крпа и оставете пак да нараснат уште околу 15 минути.

Додека нараснуваат, подгответе го апаратот за готвење на пареа: во него ставете вода, додајте малку сол и премачкајте го дното на решетката со масло или путер.

Кога тестото ќе нарасне, вклучете го апаратот за водата да зоврие, ставете ги векните и оставете непречено да се готват 20 минути (ако не ги собира сите, гответе ги една по една, важно е да не се допираат).

Избоцкајте ги готовите векни со чепкалка и премачкајте ги со масло или путер. Почекајте 5 минути, а потоа исечете ги на кришки и послужете со прилог по желба.

(Ако немате апарат за готвење на пареа, може векните да ги варите директно во вода што крчка на тивко, со тоа што по 10 минути ќе треба да ги превртите од другата страна.)

Состојки:
350 мл млеко

1 лажичка шеќер

1 лажичка сув квасец

600 г брашно

1,5 лажичка сол

1 јајце

Објавено

Петок, Мај 17, 2019 - 19:59

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе