Задушени свински кременадли

Приготвување:

Во чинија измешајте 100 г од брашното со солта, лимоновата кора, црниот и црвениот пипер и кимот. Извалкајте ги кременадлите во смесата.

Загрејте го маслиновото масло и 4 лажици путер во тава на средна температура. Пржете ги кременадлите додека не поруменат, по околу 2 минути од страна. Извадете ги од тавата и оставете ги на топло.

Додадете ги кромидот и бабурите во истата тава и динстајте, мешајќи повремено, околу 10 минути. Пренесете ги на чинија.

Во истата тава додајте ги преостанатите 3 лажици путер и 3 лажици брашно. Мешајте додека да добиете еднолична смеса. Гответе додека смесата да стане темнозлатна, околу 2 минути. Малку по малку додавајте од супата, мешајќи ги грутките, па додајте ја павлаката за готвење. Додадете уште супа ако смесата е премногу густа. Вкусете и додадете сол и црн пипер по потреба. Додадете ги кромидот, бабурите и згмеченото лукче, мешајќи ги со сосот.

Послужете ги кременадлите прелеани со сосот.

Состојки:
200 г брашно

1 лажичка сол

1 чешне лук, здробено

1 лажичка црвен пипер

1 лажичка црн пипер

рендана кора од 1 лимон

1/2 лажичка ким

8 свински кременадли

4 лажици маслиново масло

7 лажици путер

1 голем кромид, излупен и исечен на ленти

1 зелена бабура, исчистена и исечена на ленти

1 жолта бабура, исчистена и исечена на ленти

1 црвена бабура, исчистена и исечена на ленти

3 лажици брашно

500 мл пилешка супа, повеќе ако е потребно

2 лажици неутрална павлака за готвење

Објавено

Четврток, Февруари 20, 2020 - 09:16

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе