Свинско печење со лути пиперчиња

Приготвување:

Ставете ги семињата коријандер и ким во голема тава за пржење на средна температура и пржете ги додека да замирисаат, околу 3 минути. Извадете ги од тавата и оставете ги да се оладат. Со мелница за зачини смелете го семето во ситен прав и оставете го настрана.

Ставете ги пиперчињата во тавата и пржете ги на средна температура додека да замирисаат, околу 2 до 3 минути. Префрлете ги на штица за сечење и кога ќе се подоладат, исечете ги на половина по должина, а потоа отстранете им ги семките.

Ставете ги половинките пиперчиња во блендер, додајте им малку вода и мелете ги додека да добиете изедначена смеса; оставете ги на страна.

Загрејте ја маста или маслото во голема тава на средна температура додека да почне да крчка. Ставете го кромидот, зачинете со сол и црн пипер и динстајте, мешајќи повремено, додека да омекне, но да не потемни, околу 5 минути. Додајте ги лукот, правот од коријандер и ким, дафиновиот лист, смелените пиперчиња, зачинете со сол и промешајте. Динстајте, мешајќи повремено, околу 5 минути. Тргнете ја тавата од рингла и оставете ја смесата да се олади на собна температура. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.

Великодушно зачинете го свинското со сол и црн пипер и ставете го во тава за печење. (Може и да го исечете месото на големи парчиња.) Премачкајте го со смесата од пиперчиња и цврсто покријте ја тавата со фолија или капак. Печете додека свинското месо да омекне и лесно да се раскинува со две виљушки, околу 1 и пол до 2 часа.

Состојки:
1 лажичка семиња коријандер

1 лажичка семиња ким

4-5 лути пиперчиња

2 лажици маст или растително масло

1 кромид, сечен на мали коцки

сол

црн пипер

6 средни чешниња лук, ситно сечкани

1 дафинов лист

1,5 кг свинско каре

Објавено

Вторник, Март 10, 2015 - 15:29

Коментари

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе