Шпагети со сланина и јајца

Приготвување:

Зовријте солена вода во големо тенџере за да се сварат шпагетите.

Во сад промешајте ги јајцата со виљушка и додајте најголем дел од кашкавалот (оставете малку за гарнир).

Со нож подзгмечете ги лукчињата, без целосно да ги здробите.

Во голема тава на средно висока температура ставете го маслиновото масло и додајте го лукот.

Додека се динста лукот, притискајте го со дрвена лажица за да пушти вкус.

По минута-две додајте ги коцките сланина и пржете околу 5 минути (не треба сланината да стане крцкава).

Тргнете го лукот и намалете на ниска температура.

Сварете ги шпагетите според упатството и исцедете ги.

Во истата тава (во која се вареле шпагетите) додајте малку маслиново масло и вратете ги сварените шпагети.

Измешајте ги сланината, смесата од јајца и пармезан и сечканиот магдонос. (Јајцата, сланината и кашкавалот треба да се залепат на шпагетите).

Послужете веднаш, во топла чинија и украсено со малку пармезан и магдонос.

Состојки:
  • 400 г сланина, исечена на коцки
  • 1 пакетче шпагети
  • 200 г рендан пармезан
  • 3 јајца (на собна температура)
  • малку сечкан магдонос
  • 3 лукчиња (сосе лушпа)
  • 5 лажици маслиново масло

Објавено

Среда, Мај 3, 2017 - 14:28

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе