Шпагети Алио е олио

Приготвување:

Во големо тенџере зовриена вода сварете ги тестенините според упатството на пакувањето; зачувајте 1 чаша од водата во која се вареле и добро исцедете ги.

Загрејте го маслиновото масло на ниска температура. Ставете ги лукчињата и црвениот пипер и динстајте, често мешајќи, додека лукот не позлати, околу 10 минути.

Додајте ги тестенините, 3/4 од пармезанот и половина чаша од зачуваната вода. Динстајте, постојано мешајќи и додајте ја преостанатата вода ако треба, лажица по лажица, сè додека пармезанот не се стопи и не се постигне саканата густина.

Додајте 1 лажица путер и промешајте. (По желба додајте и 1 чаша крутони, пропржени на маслиново масло.)

Послужете веднаш, украсено со преостанатиот пармезан и магдонос.

Состојки:
  • 1 пакетче шпагети
  • 4 лажици маслиново масло
  • сол и свежо мелен црн пипер
  • 4 големи лукчиња, исечени на тенки кришки
  • 1/4 лажичка здробен црвен пипер
  • 1 чаша свежо рендан пармезан, поделен
  • 2 лажици сечкан свеж магдонос
  • 1 лажица путер

Објавено

Среда, Септември 26, 2018 - 09:04

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе