Приготвување:Загрејте ја рерната на 180 °Ц. Изрендајте ја кората од лимонот, без да зафатите од белата поткора. Исцедете го сокот од лимонот во сад. Додајте ги лукот, билките и половина од маслото. Зачинете, а потоа оставете го настрана. Загрејте го преостанатото масло во огноотпорна тава на средно-висока температура. Пржете ја кората од лимонот 30 секунди. Зачинете ја рибата, а потоа ставете ја во тавата со страната на кожата надолу. Пржете на средна температура 3-4 минути додека кожата да стане крцкава, а месото да стане бело на рабовите. Ставете ја тавата во рерна 5 минути за рибата да се допече. Вратете ја тавата на тивок оган, истурете ја смесата со билки и загрејте ја. Послужете ја рибата со крцкав тазе леб. | Состојки:1 голем лимон 3 чешниња лук, тенко исечени 1 чаша листови магдонос, раскинати 12 ливчиња нане, раскинати 12 ливчиња босилек, раскинати 2 лажици оригано 100 мл екстра девствено маслиново масло 4 филети бела риба сосе кожа крцкав леб, за сервирање |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 85НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт