Полнети пиперки

Приготвување:

Измијте ги бабурите и исечете им ги врвовите. Исчистете им ја внатрешноста.

Загрејте голема тава на средно висока температура. Истурете го маслиновото масло, потоа додајте ги кромидот и лукот и намалете ја температурата, па оставете да крчка 10 минути за да омекне кромидот.

Додајте ги магдоносот, копарот, нането и сосот од домати и оставете да крчка сè додека поголем дел од течноста да испари и да добиете густа смеса. Оставете да се олади 5 минути.

Додајте ги оризот и меленото месо во смесата од кромид и зачини и измешајте ги сите состојки користејќи дрвена лажица. Додадете 2 лажички сол и 1/2 лажичка црн пипер и добро измешајте.

Со лажица полнете ги пиперките и редете ги на дното на садот за печење. Истурете околу 2 чаши топла вода (доволно вода за да се покријат 3 сантиметри од пиперките) во садот за печење и ставете ги во рерна загреана на 200 степени да се печат 75-90 минути, или додека врвовите од пиперките да потемнат, а оризот да омекне.

Послужете ги со тазе леб и сирење, прелеани со маслиново масло.

Состојки:
1 кг мешано мелено месо

12-14 бабури, измиени и исчистени

2 средни кромиди, ситно сечкани

5 лажици маслиново масло

3 чешниња лук, здробени

свеж магдонос, ситно сечкан

свеж копар, ситно сечкан

2 лажици свежо нане, ситно сечкано

250 мл доматен сос

1 чаша ориз

сол и црн пипер по вкус

Објавено

Сабота, Мај 4, 2019 - 17:57

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе