Полнети пиперки со печено свинско

Приготвување:

Зачинете го свинското месо со сол и црн пипер, пропржете го од сите страни додека да порумени, а потоа динстајте го на тивко со половина чаша пиво околу 8 часа. Кога ќе биде готово, меко и сочно, оставете малку да се олади, а потоа со две виљушки „раскинете“ го на разни страни.

Доведете ја рерната до 180 степени. Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија.

Отстранете ги семето и внатрешните стебла на пиперките. Наполнете ги пиперките со по 100 г свинско месо (или колку што сакате). Врз месото ставете по малку од чери-доматите и од кромидот.

Ставете ги доматите од конзерва во блендер и смелете ги. Во блендерот додајте ги хоплата, шеќерот, лукот, босилекот, сол и црн пипер и блендајте додека да станат еднолична смеса. Со лажица прелејте од смесата врз свинското месо во пиперката. Посипете од ренданата моцарела.

Печете ги пиперките 20 до 25 минути, или додека моцарелата да порумени и да почне да пушта меурчиња. Посипете свеж магдонос (или некој ваш омилен зачин) и послужете веднаш.

Состојки:
  • 4 бабури, исечени на половина, семките отстранети
  • 700 г печено свинско месо (се пече околу 8 часа)
  • 150 г чери-домати, сечкани
  • 2 лажици сечкан црвен кромид
  • 400 г домати од конзерва, по можност чадени
  • 2 лажици хопла
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 2 чешниња лук, здробени
  • половина лажичка сув босилек
  • сол и црн пипер
  • 250 г свежо рендано сирење моцарела
  • сечкан свеж магдонос за украс

Објавено

Вторник, Февруари 5, 2019 - 15:09

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе