Приготвување:Зачинете го свинското месо со сол и црн пипер, пропржете го од сите страни додека да порумени, а потоа динстајте го на тивко со половина чаша пиво околу 8 часа. Кога ќе биде готово, меко и сочно, оставете малку да се олади, а потоа со две виљушки „раскинете“ го на разни страни. Доведете ја рерната до 180 степени. Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија. Отстранете ги семето и внатрешните стебла на пиперките. Наполнете ги пиперките со по 100 г свинско месо (или колку што сакате). Врз месото ставете по малку од чери-доматите и од кромидот. Ставете ги доматите од конзерва во блендер и смелете ги. Во блендерот додајте ги хоплата, шеќерот, лукот, босилекот, сол и црн пипер и блендајте додека да станат еднолична смеса. Со лажица прелејте од смесата врз свинското месо во пиперката. Посипете од ренданата моцарела. Печете ги пиперките 20 до 25 минути, или додека моцарелата да порумени и да почне да пушта меурчиња. Посипете свеж магдонос (или некој ваш омилен зачин) и послужете веднаш. | Состојки:
|
Полнети пиперки со печено свинско

Објавено
Вторник, Февруари 5, 2019 - 15:09