Приготвување:Измијте ги бабурите и исечете им ги врвовите. Исчистете им ја внатрешноста. Загрејте голема тава на средно висока температура. Истурете го маслиновото масло, потоа додајте ги кромидот и лукот и намалете ја температурата, па оставете да крчка 10 минути за да омекне кромидот. Додајте ги магдоносот, копарот, нането и сосот од домати и оставете да крчка сè додека поголем дел од течноста да испари и да добиете густа смеса. Оставете да се олади 5 минути. Додајте ги оризот и меленото месо во смесата од кромид и зачини и измешајте ги сите состојки користејќи дрвена лажица. Додадете 2 лажички сол и 1/2 лажичка црн пипер и добро измешајте. Со лажица полнете ги пиперките и редете ги на дното на садот за печење. Истурете околу 2 чаши топла вода (доволно вода за да се покријат 3 сантиметри од пиперките) во садот за печење и ставете ги во рерна загреана на 200 степени да се печат 75-90 минути, или додека врвовите од пиперките да потемнат, а оризот да омекне. Послужете ги со тазе леб и сирење, прелеани со маслиново масло. | Состојки:1 кг мешано мелено месо12-14 бабури, измиени и исчистени 2 средни кромиди, ситно сечкани 5 лажици маслиново масло 3 чешниња лук, здробени свеж магдонос, ситно сечкан свеж копар, ситно сечкан 2 лажици свежо нане, ситно сечкано 250 мл доматен сос 1 чаша ориз сол и црн пипер по вкус |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 87НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт