Полнети бабури со тиквици и кашкавал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Исечете ги врвовите на бабурите. Отстранете ги и фрлете ги дршките, а потоа ситно исечкајте го остатокот од врвовите; оставете ги на страна. Со лажичка извадете го семето.

Загрејте 2 лажици маслиново масло во голема тава на средно висока температура. Ставете го меленото месо, зачинете со сол и црн пипер и динстајте, разбивајќи ги грутките, додека месото да се испржи. Префрлете го на чинија.

Додајте уште малку маслиново масло во тавата. Ставете ги кромидот и сечканите пиперки и динстајте додека да почнат да омекнуваат, 3 до 4 минути. Додајте ги лукот и тиквичките и гответе уште една минута. Додајте ги доматите и зачинете со сол и црн пипер. Гответе додека сè да се загрее, а потоа додајте ги месото и сварениот ориз. Пробајте и ако треба, додајте зачини. Додајте 150 г од кашкавалот.

Наредете ги пиперките со исечената страна нагоре во тава за печење, доволно густо за да стојат исправено. Наполнете ги пиперките со смесата со ориз и месо и врз секоја изрендајте од останатите 50 г кашкавал. Истурете мало количество вода на дното на тавата. Покријте ги со фолија и печете околу 30 минути. Откријте ја тавата и печете додека пиперките да омекнат, а кашкавалот да се стопи и да порумени, уште 15 до 20 минути.

Послужете ги полнетите пиперки топли.

Состојки:
6 бабури

2 лажици маслиново масло

250 г мелено месо

сол и црн пипер по вкус

1 среден кромид, ситно сечкан

3 чешниња лук, здробени

1 голема тиквица, ситно сечкана

4 цели домати, ситно сечкани

1 чаша варен ориз

200 г кравји кашкавал

Објавено

Недела, Август 14, 2016 - 14:44

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе