Похувани равиоли

Приготвување:

Добро загрејте го маслото во тенџере на средна температура.

Изматете ги јајцата и измешајте ги со хоплата. Ставете го брашното во посебен сад. Истурете ги лебните трошки во трет сад.

Извадете ги равиолите од замрзнувачот. Една по една, макајте ги равиолите во смесата од јајца за убаво да се обложат, потоа извалкајте ги во брашното, па потоа повторно нурнете ги во смесата од јајца и на крај во лебните трошки.

По 3 или 4 во исто време, спуштајте ги равиолите во маслото и пржете ги 1,5 до 2 минути, додека површината не стане златнокафеава, а филот врел. Потемнуваат брзо, така што гледајте ги цело време.

Положете ги на кујнска хартија и повторете со остатокот од равиоли. Пренесете ги во чинија за сервирање, посипете ги со пармезан и магдонос и сервирајте со доматниот сос.

Состојки:
  • 1 л растително масло
  • 6 цели јајца
  • 100 мл неутрална хопла
  • 250 г брашно
  • 250 г солени лебни трошки
  • 24 цели замрзнати равиоли (со сирење или со месо)
  • 250 мл доматен сос со лук, кромид и зачини, загреан
  • рендан пармезан
  • 1 лажица свеж магдонос

Објавено

Среда, Јуни 27, 2018 - 21:56

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе