Пилешко со сос од кикиритки

Приготвување:

За да го направите сосот од кикиритки, убаво измешајте ги путерот од кикиритки, чили-сосот, јаболковиот оцет, соја сосот и медот. Разредете го сосот со топла вода до посакуваната густина - помалку вода за погуст сос, повеќе вода за поредок прелив.

За да го направите пилешкото, ставете масло во тава на средно-висока температура. Ставете го пилешкото во тавчето и прелејте го со соја-сосот од горе. Динстајте околу 10-12 минути или додека пилешкото не се зготви.

Прелејте го пилешкото со сосот од кикиритки и префрлете го во рерна. Печете околу половина час на средна температура. Украсете со сечкани несолени печени кикиритки, по желба.

Состојки:
700 г пилешки гради без коски, исечени на парчиња од по 3 см

2 лажици маслиново масло

1 лажици соја сос

200 г сос од кикиритки

сечкани несолени печени кикиритки

Сос од кикиритки

100 г путер од кикиритки

3 лажици сладок чили-сос

1 лажица јаболков оцет

1 лажица соја сос

1 лажица мед

50 мл топла вода (по избор)

Објавено

Понеделник, Април 26, 2021 - 13:27

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе