Пилешко со кокос, бадеми и суво грозје

Приготвување:

Маринирајте ги пилешките коцки еден час со црн пипер и соја-сос.

Во голема тава на средно-ниска температура динстајте ги лукот, кромидот и ѓумбирот во маслиново масло додека малку да потемнат. Додајте го пилешкото, убаво измешајте и продолжете да динстате додека пилешкото да зарумени. Додајте ја водата, намалете ја температурата и гответе 15 минути.

Додајте ги кокосовото млеко, карито во прав, чилито во прав и пченкарното брашно. Оставете да крчка 20 минути, повремено мешајќи.

Послужете го месото со ориз, одозгора украсено со млад кромид, бадеми и суво грозје.

Состојки:
4 парчиња пилешки гради, исечени на коцки со средна големина

130 мл соја-сос

4 чешниња лук, здробени

2 големи кромиди, сечкани

2 лажички свежо рендан ѓумбир

500 мл вода

250 мл кокосово млеко

3 лажички кари во прав

1/2 лажиче чили во прав

1 лажица пченкарно брашно

1-2 страка млад кромид, сечкан

100 г сечкани печени бадеми

100 г суво грозје

сол

црн пипер

2 лажици маслиново масло

Објавено

Среда, Декември 23, 2015 - 19:59

Коментари

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе