Пилешко маринара со кулен

Приготвување:

Со остар нож исечете ги четирите пилешки гради на половина низ средината, така што ќе добиете осум потенки котлети пилешко. Зачинете ги со сол и црн пипер.

Загрејте ја тавата на средна до средно висока температура и ставете ги путерот и маслиновото масло. Гответе го пилешкото додека не добие убава надворешна боја и не биде зготвено, по околу две и пол минути од страна. Извадете го пилешкото на чинија. Истурете го доматниот сос во тавата и промешајте да се загрее.

Ставете ги пилешките котлети во сосот, па врз секој од нив ставете парче кулен. Врз секое парче кулен ставете парче моцарела, а потоа покријте ја тавата со капак и гответе 2 до 3 минути, додека сирењето да се стопи. Попрскајте со магдонос.

Послужете веднаш со салата, или врз тестенини.

Состојки:
4 парчиња пилешки гради

сол и црн пипер, по вкус

2 лажици маслиново масло

2 лажици путер

3 чаши доматен сос

100 г кулен, сечен на тенки парчиња

4 тенки парчиња моцарела

свеж магдонос

салата или сварени тестенини, за сервирање

Објавено

Петок, Февруари 14, 2020 - 11:11

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе