Пилешки гради со праски и бадеми

Приготвување:

Загрејте го маслото во голема тава на средно-висока температура. Зачинете го пилешкото од двете страни со сол и црн пипер, ставете го во тавата и пржете го додека да потемни, околу 2 минути од секоја страна. Во меѓувреме во мал сад измешајте ги кафеавиот шеќер, соја-сосот, оцетот и сокот од портокал. Кога пилешкото ќе потемни, пренесете го на чинија и оставете го на страна.

Во тавата ставете ги ѓумбирот и лукот и пржете, мешајќи, 30 секунди. Додајте ги пилешката супа и смесата со соја-сос. Зголемете ја температурата на висока и пржете, без капак, околу 6 минути, мешајќи повремено додека сосот да згусне. Додајте ги праските и динстајте 1 минута. Вратете го пилешкото назад во тавата со сосот и праските, намалете ја температурата на средно-ниска, покријте со капак и динстајте околу 5 минути, или додека пилешкото да биде зготвено.

Во меѓувреме, испечете ги бадемите во сува тава на средно-висока температура, често мешајќи, додека да добијат светлокафена боја и да замирисаат, околу 2 минути.

Послужете го пилешкото прелеано со сосот и попрскано со здробените бадеми.

Состојки:
1 лажица масло

4 парчиња пилешки гради

1 лажичка сол

1/4 лажичка црн пипер

2 лажици кафеав шеќер

2 лажици соја-сос

2 лажици оцет

100 мл сок од портокал

1 лажичка свежо рендан ѓумбир

2 чешниња лук, здробени

150 мл пилешка супа од коцка

500 г праски од конзерва

2 лажици здробени бадеми

Објавено

Среда, Април 15, 2015 - 20:50

Коментари

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе