Печено свинско со кисела зелка и кнедлики

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Исечкајте ги малиот кромид и лукот на не многу ситни парчиња.

Измијте го месото и исечете го на крупни коцки. Наредете го во тава за печење, посолете го и зачинете го со кимот. Врз месото додајте ги сечканиот лук и кромид. Налејте 2 чаши вода и печете го месото половина час.

Додека се пече месото, исцедете ја киселата зелка и исечкајте ја како за подварок. Ставете ја во тенџере, додајте 5 чаши вода, солта, шеќерот и малку ким. Вклучете ја ринглата на висока температура, убаво измешајте, покријте го тенџерето речиси целосно со капак и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и гответе додека зелката да омекне, околу 30 минути.

Откако месото ќе се пече половина час, извадете го од рерна и превртете ги парчињата од другата страна. Вратете ја тавата во рерна и печете уште половина час.

Кога ќе омекне зелката, тргнете ја од рингла и оставете ја на страна.

Во средна тава ставете го маслото и додајте ја средната главица кромид, сечкана. Пржете на средна температура додека да порумени, околу 15 минути. Додајте го брашното и убаво измешајте додека се пржи, околу 5 минути.

Истурете ја смесата со брашно во тенџерето со зелката и на ниска температура мешајте околу 6-7 минути додека целата смеса да згусне.

Извадете го месото од рерна и уште еднаш превртете ги парчињата и проверете дали омекнале. Ако не омекнале, вратете ги во рерна и печете додека да бидат готови.

Послужете го месото заедно со киселата зелка и подготвените кнедлики.

Состојки:

За свинското:

1 кг свинско месо 

сол

1 главица лук

1 мал кромид

1/4 лажица ким

2-3 чаши вода (или повеќе, по потреба)

 

За зелката:

800 г кисела зелка

5 чаши вода

1,5 лажица сол

6 лажици шеќер

1/4 лажица ким

1 среден кромид

1/2 чаша масло

1/2 чаша брашно

Објавено

Петок, Мај 17, 2019 - 20:04

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе