Приготвување:Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечкајте ги малиот кромид и лукот на не многу ситни парчиња. Измијте го месото и исечете го на крупни коцки. Наредете го во тава за печење, посолете го и зачинете го со кимот. Врз месото додајте ги сечканиот лук и кромид. Налејте 2 чаши вода и печете го месото половина час. Додека се пече месото, исцедете ја киселата зелка и исечкајте ја како за подварок. Ставете ја во тенџере, додајте 5 чаши вода, солта, шеќерот и малку ким. Вклучете ја ринглата на висока температура, убаво измешајте, покријте го тенџерето речиси целосно со капак и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и гответе додека зелката да омекне, околу 30 минути. Откако месото ќе се пече половина час, извадете го од рерна и превртете ги парчињата од другата страна. Вратете ја тавата во рерна и печете уште половина час. Кога ќе омекне зелката, тргнете ја од рингла и оставете ја на страна. Во средна тава ставете го маслото и додајте ја средната главица кромид, сечкана. Пржете на средна температура додека да порумени, околу 15 минути. Додајте го брашното и убаво измешајте додека се пржи, околу 5 минути. Истурете ја смесата со брашно во тенџерето со зелката и на ниска температура мешајте околу 6-7 минути додека целата смеса да згусне. Извадете го месото од рерна и уште еднаш превртете ги парчињата и проверете дали омекнале. Ако не омекнале, вратете ги во рерна и печете додека да бидат готови. Послужете го месото заедно со киселата зелка и подготвените кнедлики. | Состојки:За свинското: 1 кг свинско месосол 1 главица лук 1 мал кромид 1/4 лажица ким 2-3 чаши вода (или повеќе, по потреба)
За зелката: 800 г кисела зелка 5 чаши вода 1,5 лажица сол 6 лажици шеќер 1/4 лажица ким 1 среден кромид 1/2 чаша масло 1/2 чаша брашно |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 99НОВИ / 24h
- 1 од 17
- следно ›
- Контакт