Приготвување:Сварете ги макароните. Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете ја тиквата на половина по должина, попрскајте ја со маслиново масло и испечете ја. Кога ќе биде печена и мека, испасирајте ја. Зачинете ја со сол и црн пипер и оставете ја настрана. Додека ја печете тиквата, во тава на средно ниска температура испржете го кромидот на 2 лажици путер. Повремено промешајте. Кромидот треба да стане златнокафеав. Извадете го на чинија и оставете го на страна. Во истата тава во која го динставте кромидот, стопете 4 лажици путер на средно ниска температура. Посипете го брашното и измешајте го. Динстајте 2 минути, а потоа додајте го млекото. Динстајте мешајќи додека смесата да згусне, неколку минути. Пробајте и зачинете со сол и црн пипер Намалете ја температурата на ниска и додајте ја пасираната тиква. Кога ќе се загрее, додајте го кашкавалот. Ако сосот е претерано густ кога ќе се стопи кашкавалот, додајте млеко. Продолжете да мешате додека сосот не се загрее, а потоа додајте ги макароните. Вкусете и додајте повеќе сол ако е потребно. Во другата тава стопете го преостанатиот путер и измешајте го со лебните трошки. Посипете ги трошките врз макароните и печете ги на 200 степени околу 15 минути, или додека трошките да добијат златна боја, а на рабовите да се појават меурчиња. Послужете веднаш. | Состојки:350 г макарониедна помала долгнавеста тиква маслиново масло 2 кромиди, сечкани 8 лажици путер 2 лажици брашно 500 мл млеко сол и црн пипер 200 г кравји кашкавал 100 г зачинети лебни трошки |
Печени макарони со тиква

Објавено
Вторник, Март 12, 2019 - 09:58