Печени макарони со тиква

Приготвување:

Сварете ги макароните.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете ја тиквата на половина по должина, попрскајте ја со маслиново масло и испечете ја. Кога ќе биде печена и мека, испасирајте ја. Зачинете ја со сол и црн пипер и оставете ја настрана.

Додека ја печете тиквата, во тава на средно ниска температура испржете го кромидот на 2 лажици путер. Повремено промешајте. Кромидот треба да стане златнокафеав. Извадете го на чинија и оставете го на страна.

Во истата тава во која го динставте кромидот, стопете 4 лажици путер на средно ниска температура. Посипете го брашното и измешајте го. Динстајте 2 минути, а потоа додајте го млекото. Динстајте мешајќи додека смесата да згусне, неколку минути. Пробајте и зачинете со сол и црн пипер

Намалете ја температурата на ниска и додајте ја пасираната тиква. Кога ќе се загрее, додајте го кашкавалот. Ако сосот е претерано густ кога ќе се стопи кашкавалот, додајте млеко. Продолжете да мешате додека сосот не се загрее, а потоа додајте ги макароните. Вкусете и додајте повеќе сол ако е потребно.

Во другата тава стопете го преостанатиот путер и измешајте го со лебните трошки. Посипете ги трошките врз макароните и печете ги на 200 степени околу 15 минути, или додека трошките да добијат златна боја, а на рабовите да се појават меурчиња.

Послужете веднаш.

Состојки:
350 г макарони

една помала долгнавеста тиква

маслиново масло

2 кромиди, сечкани

8 лажици путер

2 лажици брашно

500 мл млеко

сол и црн пипер

200 г кравји кашкавал

100 г зачинети лебни трошки

Објавено

Вторник, Март 12, 2019 - 09:58

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе