Печени макарони со бешамел

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте голема тава за печење со малку масло. Измешајте ги ренданите кашкавали во голем сад и ставете ги настрана.

Сварете ги тестенините до половина, исцедете ги, попрскајте ги со масло и измешајте. Оставете да се оладат додека да го приготвите сосот.

Направете го бешамелот и мешајќи со маталка додајте му ја неутралната павлака. Зачинете со сол и црн пипер.

Во бешамелот додајте третина од кашкавалите и мешајте со маталката додека смесата да се изедначи. Додајте уште една третина на истиот начин. Сосот треба да биде мазен и густ.

Префрлете го сосот кај оладените тестенини и мешајте додека тестенините да бидат целосно премачкани со него.

Истурете половина од макароните во подготвената тава за печење. Врз нив наредете ја третата третина од кашкавалите, а потоа и преостанатите макарони.

Во мал сад измешајте ги лебните трошки, пармезанот, стопениот путер и црвениот пипер. Истурете ја смесата врз макароните и печете додека да почне да пушта меурчиња и да добие златнокафеава боја, околу 30 минути. Послужете веднаш.

Состојки:
500 г макарони, полусварени 

1 лажица масло

бешамел-сос

250 мл неутрална павлака

400 г чедар кашкавал, рендан

200 г друг тврд кравји кашкавал, рендан

сол и црн пипер по вкус

лебни трошки

4 лажици путер, стопен

2 ќесички рендан пармезан

малку црвен пипер

Објавено

Понеделник, Февруари 3, 2020 - 22:14

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе