Њоки со пилешко и кељ

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во големо тенџере со зовриена солена вода сварете ги њоките според упатството на пакетчето; добро исцедете ги.

Зачинете го пилешкото со малку сол и пипер.

Стопете 2 лажици путер во голема тава на средна температура.

Динстајте го пилешкото во тавата во еден слој додека не порумени, по околу 4-5 минути од страна. Оставете го настрана.

Стопете ги преостанатите 3 лажици путер. Додајте го кромидот и динстајте, мешајќи често, додека да омекне, околу 3-5 минути. Додајте ги лукот и мајчината душица и динстајте додека да замирисаат, околу 1 минута.

Додајте го брашното и динстајте додека малку да зарумени, околу 1 минута.

Постепено додавајте ги пилешката супа и виното и динстајте, постојано мешајќи, додека малку да згусне, околу 3-5 минути. Додајте го кремот за готвење и динстајте додека да згусне, околу 1-2 минути; зачинете со сол и бибер, по вкус.

Додајте ги њоките и кељот и динстајте додека ќељот да свене, околу 1-2 минути. Вратете го пилешкото во тавата; наросете пармезан.

Ставете го во рерна и печете додека не почне да пушта меурчиња, околу 10-12 минути.

Послужете веднаш.

Состојки:
1 пакетче њоки

700 г пилешки стек

сол и црн пипер, по вкус

5 лажици несолен путер, поделен

1 среден кромид, ситно сечкан

3 чешниња лук, здробени

2 лажички исечкани свежи листови мајчина душица

3 лажици брашно

1 1/4 чаша пилешка супа

1/4 чаша суво бело вино

1/2 чаша неутрален крем за готвење

1 китка кељ, стебленцата да се отстранат и да се исечка на парчиња со големина на залак

100 г рендан пармезан

Објавено

Понеделник, Јануари 25, 2021 - 18:25

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе