Миризливо свинско филе

Приготвување:

Измешајте го кимот со црвениот пипер, ѓумбирот, лукот, солта и црниот пипер и измачкајте го свинското филе. Маринирајте околу еден час или во фрижидер преку ноќ.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Загрејте голема тава со растително масло и испржете го свинското месо, вртејќи го на 2-3 минути додека рамномерно да потемни од секоја страна.

Префрлете ја тавата во рерна и печете го филето 10 минути, повремено превртувајќи. Оставете да отстои 10 минути, па исечете го на парчиња и послужете.

Состојки:
2 чешниња лук, излупени и исечкани

1 лажица свежо рендан ѓумбир

сол

црн пипер

1 лажичка мелен ким

½ лажичка мелен црвен пипер (или повеќе по вкус)

1 лажица растително масло

свинско филе (околу 500 г)

Објавено

Вторник, Октомври 27, 2015 - 10:06

Коментари

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе