Кремливи пилешки ќофтиња со лимон

Приготвување:

Ставете ги состојките за ќофтињата во сад и измешајте ги. Ако смесата е премногу влажна за да се формираат топчиња, додајте уште малку лебни трошки или ставете ги малку во фрижидер.

Земајте со лажица од смесата и со навлажнети раце, формирајте топки.

Загрејте го маслото во тава на средно висока температура. Ставете половина од ќофтињата и пржете ги по 4 минути, да потемнат од сите страни, но однатре сè уште да бидат сурови. Пренесете ги во чинија, па повторете ја постапката со останатите ќофтиња.

Избришете ја тавата со кујнска хартија. Намалете ја температурата на средна.

Стопете го путерот во тава, па додадете го брашното. Измешајте и гответе 1 минута, а потоа додадете ги сокот од лимон, пилешката супа и неутралната павлака.

Доведете го до вриење, а потоа додадете ги ќофтињата. Оставете да крчка 5 минути, или додека сосот да згусне, а ќофтињата целосно да се зготват. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Додајте го магдоносот и послужете со тестенини и уште пармезан.

Состојки:
За ќофтињата:

500 г мелено пилешко

1 јајце

120 г лебни трошки

2 лукчиња, здробени

малку сечкан свеж магдонос

100 г рендан пармезан

сол и црн пипер

За сосот:

1 лажица маслиново масло

3 лажици путер

1 лажица брашно

250 мл пилешка супа

250 мл неутрална павлака

сок од еден-два лимони (по вкус)

сол и црн пипер

Објавено

Четврток, Јуни 1, 2017 - 00:00

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе