Јагнешки ребра со лук и мајчина душица

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Истријте ги ребрата со многу сол и пипер. Загрејте тава на висока температура и ставете малку масло. Додајте ги ребрата во тавата и пржете ги додека да поруменат од двете страни (околу 3 минути по страна).

Пренесете ги на чинија и оставете да се изладат 1-2 минути. Потоа истријте ги со сечканиот лук, мајчината душица и маслиновото масло. Ставете ги во тавата обложена со алуминиумска фолија, со коските нагоре, и печете ги 20 минути на 180 степени. Оставете ги да „здивнат“ десет минути пред сервирањето.

Исечете ги на поединечни парчиња (со 1-2 коски по парче) и послужете ги со лимон-пире.

Состојки:
2 парчиња јагнешки ребра

6 чешниња лук, ситно сечкани

2 лажици меленa мајчина душица

3 лажици маслиново масло

сол

црн пипер, свежо мелен

сончогледово масло

Објавено

Понеделник, Март 14, 2016 - 11:24

Коментари

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе