Приготвување:За да го направите сосот, измешајте ги мајонезот, теријаки сосот, медот и црвениот пипер. Пропржете ги круговите ананас и бабура на средно висока температура, или испечете ги на скара. Зачинете го меленото говедско месо и поделете го на 4 еднакви плескавици. Пржете ги на средна температура 4 до 5 минути од едната страна, потоа превртете ги и врз секоја плескавица ставете од теријаки сосот. Врз сосот на секоја плескавица ставете парче моцарела и оставете ја да се топи додека плескавицата се пржи, уште околу 4 минути. Во друга тава на средна температура стопете путер и пропржете ги земичките од двете страни додека да добијат златнокафеава боја. Врз пресечената страна со лажица полејте малку од сосот и оставете лебот да впие. На секоја од половинките земички ставете по една плескавица, врз неа ставете две парчиња ананас, врз нив парчиња црвен кромид, па парчиња бабура и на крај зелена салата. Покријте со горните половини од земичките и притиснете малку да се згмечат. Послужете со екстра сос за макање. | Состојки:За сосот:100 г мајонез 2 лажици теријаки сос 1 лажица мед 1/4 лажичка црвен пипер За бургерите: 8 цели круга ананас од конзерва 1 црвена бабура, исчистена од семиња и исечена на кругови 700 г мелено говедско сол и црн пипер 4 тенки парчиња моцарела 2 лажици путер 4 земички половина црвен кромид, сечен на тенки кругови листови зелена марула |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 80НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт