Грчка мусака

Приготвување:

Почнете со подготовка на модрите патлиџани. Отстранете ги стебленцата од патлиџаните и исечете ги на кришки, дебели 1 см. Зачинете со сол и ставете ги во цедалка околу половина час.

Исплакнете ги модрите патлиџани со многу вода и истискајте ги со раце, за да се ослободите од вишокот вода. Исушете ги со кујнска крпа и испржете ги во многу масло, додека да добијат боја. Ставете ги пржените модри патлиџани на кујнска хартија, за да го впие маслото.

Исечете ги компирите на кришки од по 0,5 см. Испржете ги на ист начин како и патлиџаните. Зачинете со малку сол и оставете ги настрана.

Подгответе го сосот со месото. Загрејте голема тава на средно висока температура и ставете го маслиновото масло. Промешајте го исечканиот кромид и пржете, додека да омекне и да добие боја. Додајте го меленото месо раздробувајќи го со дрвена лажица и пржете. Кога ќе почне да поруменува, додајте ги лукот и доматното пире и пржете додека лукот не почне да омекнува. Додајте го црвеното вино за да ги деглазирате соковите од месото и почекајте да испари. Додадете ги доматите од конзерва, шеќерот, малку цимет, 1 ловоров лист и сол и црн пипер. Оставете да зоврие, потоа намалете ја топлината и динстајте со капак околу 30 минути или додека не испарат повеќето сокови.

Подгответе го бешамел-сосот. Во голема тава стопете го путерот на тивок-среден оган. Додајте го брашното постојано мешајќи со маталка. Додавајте по малку загреано млеко постојано мешајќи, за да спречите вашиот сос да стане грутчест. Ако сосот треба уште да се згуснува, варете на тивок оган постојано мешајќи. Треба да добие густина на густ крем.

Тргнете ја тавата со бешамелот од рингла и додајте ги жолчките, сол, црн пипер, малку морско оревче и поголем дел од пармезанот. Зачувајте малку пармезан за да го посипете одозгора. Матете брзо, за да спречите јајцата да станат омлет. Зачинете со сол по вкус. Земете една полна лажица бешамел и промешајте ја во сосот со месо.

Време е да се склопи мусаката. За овој рецепт за мусака ви треба голем сад за печење, приближно 20x30 см и длабок 8 см. Намачкајте ги со путер дното и страните на тавата и прво наредете ги компирите во еден слој, а потоа половина од модрите патлиџани. Истурете го целиот сос од месо и рамномерно распоредете го. Додадете втор слој модри патлиџани, одозгора ставете го целиот бешамел сос и измазнете со шпатула.

Посипете го преостанатиот кашкавал. Загрејте ја рерната на 180 Ц и печете ја мусаката околу 60 минути или додека кората да добие светлозлатно-кафеава боја.

Почекајте мусаката да се олади и да биде само топла на допир пред да ја исечете на парчиња. Ова ќе спречи да се разлее бешамел-сосот кога ќе ги сечете парчињата.

Послужете ја мусаката со освежителна салата и уживајте во чаша вино!

Состојки:
6 модри патлиџани

5 компири

масло (за пржење)

За сосот од месо

750 г мелено мешано месо

2 црвени кромитчиња (сечкани)

2 чешниња лук (сечкани)

400 г сечкани домати (може и од конзерва)

2 лажици доматно пире

1 лажичка шеќер

1 чаша црвено вино

морска сол и свежо мелен црн пипер

1 ловоров лист

мелен цимет или едно стапче цимет

1/4 чаша маслиново масло

За бешамел сосот

900 мл млеко

120 г путер

120 г брашно

морско оревче

2 жолчки од јајце

100 г пармезан

Објавено

Петок, Септември 3, 2021 - 11:57

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе