Говедско со брокули

Приготвување:

Измешајте ги соја сосот, пилешката супа, медот, оцетот, кафеавиот шеќер, лукот, сончогледовото масло, пченкарното брашно, лутиот сос, ѓумбирот, црвениот пипер и 50 мл вода; оставете ја смесата на страна.

Загрејте го маслиновото масло во голема тава на средно-висока топлина. Ставете го говедското и пржете го, превртувајќи го еднаш, додека да потемни, околу 3-4 минути. Додајте ги брокулите и смесата со соја сос и динстајте додека месото да омекне, а сосот да згусне, околу 3-4 минути.

Послужете го веднаш.

Состојки:
80 мл соја сос

150 мл пилешка супа од коцка

4 лажици мед

2 лажици вински оцет

2 лажици кафеав шеќер

3 чешниња лук, здробени

1 лажица сусамово масло (може и сончогледово)

1 лажица пченкарно брашно

1 лажичка лут сос

1 лажичка мелен ѓумбир

1/4 лажичка црвен пипер

1 лажица маслиново масло

500 г говедски стек, сечен на тенки парчиња

1 главица брокула, исечена на цветови

Објавено

Понеделник, Март 16, 2015 - 10:31

Коментари

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе