Говедски стек со црн пипер и сос од коњак

Приготвување:

Ставете ги зрната пипер во толчник и нежно толчете ги за да се здробат крупно. Пренесете ги на чинија. Зачинете ги стековите со морска сол, па валкајте ги во црниот пипер слабо притискајќи за да се обложат.

Во голема тава на средно-висока температура стопете половина од путерот. Пржете ги стековите по 5-6 минути од секоја страна за да бидат средно пржени (или додека да бидат готови по ваш вкус). Пренесете ги на чинија и покријте ги со фолија. Оставете ги така 5 минути.

Во меѓувреме, загрејте го останатиот путер во тава. Ставете го лукот и динстајте 1 минута или додека да замириса. Додајте го коњакот и динстајте, навалувајќи ја тавата, додека половина од коњакот да испари. Додајте ја говедската супа и оставете да зоврие. Динстајте 1-2 минути, или додека сосот да згусне. Додајте ја хоплата и оставете да зоврие. Динстајте 2-3 минути, додека сосот да згусне. Тргнете ја тавата од рингла. Додајте го босилекот и, ако треба, зачинете со сол и црн пипер.

Прелејте ги стековите со по малку сос и послужете веднаш.

Состојки:
2 ќесички цели зрна црн пипер

800 г стекови од говедско филе

20 г путер

2 чешниња лук, здробени

80 мл коњак

130 мл говедскa супа од коцка

130 мл неутрална хопла

1 лажица крупно сечкан босилек

Објавено

Вторник, Мај 26, 2015 - 23:23

Коментари

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе