Динстано телешко со печурки и зеленчук

Приготвување:

Исечете го телешкото на коцки или на ленти. Врзете ги во китка листовите целер, мајчината душица, дафиновите листови и магдоносот.

Во тава стопете 3 лажици путер со малку маслиново масло. Испржете го телешкото месо колку да порумени од сите страни.

Додајте ги морковите, големиот кромид, лукчињата, билките, супата и сол.

На висока температура доведете ја течноста во тавата до вриење. Намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете да крчка 45-60 минути, додека телешкото месо да стане многу меко.

Излупете ги ситните кромитчиња, исчистете ги печурките и пресечете ги на четвртини. Стопете 3 лажици путер во тенџере. Ставете ги печурките, сол и црн пипер и динстајте сѐ додека не поруменат од сите страни.

Извадете ги печурките, додајте 2 лажици путер во тенџерето и неколку минути динстајте ги кромитчињата (додека да поруменат од сите страни). Вратете ги печурките во тенџерето и одржувајте ги топли.

Измешајте ги жолчките со хоплата и половина од сокот од лимон.

Извадете ги телешкото месо, печурките и кромидот и наредете ги во садот за послужување.

Истурете ја смесата од жолчки и хопла во тавата со соковите од месото и динстајте на многу ниска температура 10 минути. Не дозволувајте да зоврие. Додајте го преостанатиот сок од лимон и сол / црн пипер (ако е потребно).

Прелејте го белиот сос врз месото во садот за сервирање.

Состојки:
1,5 кг телешко за динстање

1 голем кромид, преполовен

1-2 чешниња лук

1-2 моркови, исечени на парчиња

10 ситни кромитчиња, излупени

300 г печурки

2 жолчки од јајце

1/2 чаша неутрална хопла

сок од 1 лимон

путер

сол по вкус

1,5 литар пилешка супа од коцка

2 гранчиња мајчина душица

3 гранчиња магдонос

1 целер

2 дафинови листа

Објавено

Среда, Октомври 17, 2018 - 22:08

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе