Болоњезе-шпагети со богат доматен сос

Приготвување:

Ставете го тенџерето на средна температура. Ставете доста маслиново масло и пржете ја сланината додека да позлати. Намалете ја малку температурата и додајте ги кромидот, морковот, целерот и лукот. Ставете ги и игличките рузмарин (фрлете ги гранчињата). Пржете околу 8-10 минути додека зеленчукот да омекне.

Зголемете ја температурата, додајте го меленото месо и мешајте додека да потемни.

Додајте ги доматите од конзерва, останатите билки, доматното пире, коцката за супа, пиперчето (по желба) и виното. Исечете ги чери-доматчињата на половина и додајте ги и нив.

Промешајте со дрвена лажица и оставете да закрчка. Намалете ја температурата на ниско-средна, покријте со капак и оставете да крчка околу 1 час и 15 минути, додека вкусовите да се спојат во богат доматен сос. Повремено промешајте за да не се залепи за дното.

Кога сосот ќе биде речиси готов, додајте го пармезанот и зачинете по вкус. Во меѓувреме сварете ги шпагетите според упатството на кутијата. Кога ќе бидат готови, исцедете ги и додајте им го сосот од тенџерето. Убаво измешајте за шпагетите да се обложат со богатиот сос.

Послужете со малку рендан пармезан и листови босилек.

Состојки:
500 г мелено месо

400 г шпагети

4 парчиња пушена сланина, ситно сечкана

400 г домати од конзерва

6 чери-доматчиња

2 средни кромида, излупени и ситно сечкани

1 целер, ситно или крупно сечкан

2 моркови, ситно сечкани

2 чешниња лук, ситно сечкани

1 луто пиперче (по желба), ситно сечкано

75 г свежо рендан пармезан, плус уште за украс

2 лажици доматно пире

1 коцка за супа

чаша црвено вино (по желба)

2-3 гранчиња свеж рузмарин

шака свеж босилек, плус уште за украс

1 лажиче сушено оригано

1-2 дафинови листа

маслиново масло

сол и црн пипер

Објавено

Петок, Март 27, 2015 - 16:49

Коментари

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе