Али назик

Приготвување:


Измијте ги модрите патлиџани, избоцкајте ги на неколку места со чепкалка и ставете ги да се печат.

Исечете ги доматот и пиперката на коцки и ставете ги во рерната до модрите патлиџани. Повремено превртувајте ги.

Во тенџере стопете го путерот. Ставете го месото и динстајте го додека да омекне.

Додека се динста месото, додајте му го доматното пире, циметот, црвениот пипер, мешаниот зачин, магдоносот, црн пипер и сол.

Кога ќе се испечат модрите патлиџани, извадете ги од рерната и излупете ги. Исечкајте ги на мали коцки и измешајте ги со павлаката, лукот, малку магдонос, сол и црн пипер. Пропржете ја смесата да се загрее.

На дното на садот за послужување ставете ја смесата од модар патлиџан и павлака. Врз неа со лажица пренесете го месото сосе соковите што ги испуштило.

Врз месото наредете ги печените парчиња пиперки и домати. Најодозгора наросете со малку сечкан, свеж магдонос.

Состојки:
  • За смесата од модар патлиџан:
  • 3 модри патлиџани
  • 200 г кисела павлака
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажиче црн пипер
  • За филот од месо:
  • 500 г мелено месо
  • 3 лажици путер
  • 250 мл доматно пире
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче мешан зачин
  • 5 гранчиња магдонос
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажиче црн пипер
  • За украс:
  • сечкан магдонос
  • 1 домат
  • 1 слатка пиперка

Објавено

Недела, Ноември 20, 2016 - 16:27

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе