Трислојна чоколадна торта со малини

Приготвување:

Тестото: загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го калапот за торта со масло и обложете го дното со мрсна хартија.

Помешајте го млекото со лимонот и оставете да отстои 5 минути.

Во голем сад изматете ги брашното, какаото, сода бикарбоната и солта. Во друг голем сад матете ги путерот и шеќерот со голема брзина додека смесата да стане светла, 3 минути. Додајте ги јајцата, едно по едно, матејќи по секое додавање. Додајте го ликерот. Намалете ја брзината на миксерот и матејќи додајте ја смесата со брашно во три тури, наизменично со млекото со лимон во две тури. Добро изматете, па додајте ја стопената чоколада.

Подготвеното тестото поделете го на три дела и испечете ги еден по еден во калапот за торта, за да добиете три слоја. Печете околу 25 минути, додека чепкалката вметната во центарот на тестото да излезе чиста. Оставајте слоевите да се подоладат, па вадете ги од калапот. Оставете да се изладат целосно, околу 25 минути.


Филот: додека се печат колачите, во тенџере промешајте половина од малините заедно со шеќерот, солта и сокот од лимон. Гответе на висока температура, често мешајте и гмечете со лажица, додека смесата да дојде до вриење, 2 минути. Продолжете да готвите, мешајќи, додека смесата да згусне и да почне да се лепи за лажицата, 7 - 8 минути и повеќе ако треба. Оставете да се олади 30 минути. Додајте уште 2/3 од останатите малини (зачувајте го остатокот).

Половина од филот намачкајте врз еден од слоевите тесто. Одозгора ставете го вториот слој; намачкајте го останатиот фил врз него. Поклопете со последниот слој. Ставете ја тортата во фрижидер, покриена, најмалку 1 час или цела ноќ.


Глазурата: измешајте ги шеќерот, какаото и солта. Матете ги маскарпонето и путерот со средна брзина на миксерот. Намалете ја брзината на средно ниска; постепено додавајте ја смесата од какао и матете. Бавно истурете ја чоколадата. Додајте ја павлаката и матете додека не добиете изедначена смеса.

Премачкајте ги врвот и страните на тортата со глазурата. Украсете со преостанатите малини.

Состојки:

За тестото:

180 г брашно

2 лажици какао во прав

сода бикарбона, на врвот на лажичката

1 лажиче крупна сол

150 г путер на собна температура

250 г шеќер

3 големи јајца на собна температура

1 лажица ликер од малини, по желба

250 мл млеко помешано со 2 лажици сок од лимон, оставено да отстои 5 минути

120 г чоколада за готвење

 

За филот:

600 г малини

200 г шеќер

трошка сол

2 лажици свежо цеден сок од лимон

 

За глазурата:

300 г шеќер во прав

2 лажици какао во прав

прстофат крупна сол

200 г сирење маскарпоне, на собна температура

150 г несолен путер, на собна температура

200 г кисела павлака

300 г чоколада за готвење

Објавено

Сабота, Декември 16, 2017 - 14:07

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе