Суфле од нутела

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Стопете ја нутелата во чинија над тенџере со зовриена вода.

Одвојте ги белките од жолчките.

Матејќи, во стопената нутела додајте ги жолчките од јајце, две по две.

Матете ги белките додека не формираат цврсти врвови и потоа додајте им го шеќерот.

Внимателно спојте ги изматените белки со смесата од нутела, но не претерувајте со мешањето.

Премачкајте 6 калапи за мафини со путерот и набрашнете ги со по малку какао. Прелејте ја смесата во калапчињата и печете 17 минути.

Извадете ги од рерната, посипете им шеќер во прав и сервирајте.

Состојки:
  • 200 г нутела
  • 4 јајца
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лажица несолен путер
  • 1 лажица какао
  • шеќер во прав за украс

Објавено

Четврток, Октомври 11, 2018 - 21:20

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе