Приготвување:Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе две тавчиња за печење (или печете на двапати во исто тавче), намачкајте ги со путер и побрашнете ги. Во голем сад ставете ги брашното, шеќерот, какаото, прашокот за печиво, сода бикарбоната, солта и еспресото. Убаво измешајте. Во смесата со брашно додадете млеко, растително масло, јајца и ванила и измешајте ги убаво со миксер на средна брзина. Намалете ја брзината и во тестото за торта внимателно додајте ја зовриената вода додека не се искомбинира добро. (Тестото ќе биде многу ретко и течно. Така треба, а резултатот е вкусна и сочна чоколадна торта.) Распределете го тестото за торта рамномерно во двете подготвени тавчиња или калапи за торта. Печете 30-35 минути, додека чепкалката боцната во средината на тортата не излезе чиста. Извадете ги од рерна и оставете ги да се ладат околу 10 минути, а потоа извадете ги од тавчињата и изладете ги целосно. Врз едното парче торта намачкајте половина од кремот, па одозгора ставете го второто парче и и него премачкајте го со кремот од чоколаден путер. | Состојки:2 чаши брашно2 чаши шеќер 3/4 чаша незасладено какао во прав 2 лажички прашок за печиво 1,5 лажичка сода бикарбона 1 лажичка сол 1 лажичка еспресо во прав 1 чаша млеко 1/2 чаша растително масло 2 големи јајца 2 лажички екстракт од ванила 1 чаша врела вода |
Сочна чоколадна торта

Објавено
Петок, Декември 4, 2020 - 18:26