Слатки пржени лепчиња од тиква

Приготвување:

Изматете ги заедно јајцата, млекото, тиквата, зачините, ванилата и солта. Една по една, натопувајте ги кришките леб во смесата (нека впиваат од течноста најмалку 10 секунди).

Стопете путер во голема тава на средна температура.

Пржете ги лепчињата додека да добијат рамномерна златнокафеава боја, по околу 2-3 минути од секоја страна.

Послужете ги веднаш прелеани со мед и украсени со шеќер во прав.

Состојки:
  • 4 големи јајца
  • 1 шолја млеко
  • 200 г варена и пасирана тиква
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 1/4 лажичка каранфилче
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • кришки леб
  • несолен путер
  • 3 лажици мед
  • 1 лажица шеќер во прав

Објавено

Понеделник, Октомври 15, 2018 - 10:09

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе