Колач со киви

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

За подлогата: измешајте ги мелените бисквити и бадеми со шеќерот. Додајте го стопениот путер и мешајте додека трошките рамномерно да бидат обложени. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди. Печете ја 5 минути, или додека да добие златнокафеава боја. Извадете ја од рерната и оставете малку да се олади.

За филот: матете ги со миксер слаткото кондензирано млеко, жолчките, сокот и кората од лимон сè додека смесата не се изедначи и да згусне, 2 до 3 минути. Истурете ја смесата врз подлогата и печете 15 минути.

Извадете ја од рерна, оставете да се подолади, а потоа ставете ја најмалку еден час во фрижидер, ако е можно и повеќе.

Наредете ги парчињата киви врз филот на оладената пита, а потоа одозгора великодушно намачкајте шлаг. Украсете со парчиња киви и сечкани бадеми. Чувајте го колачот студен.

Состојки:
400 г мелени бисквити

100 г несолени лупени бадеми, мелени

200 г несолен путер, стопен

100 г шеќер

лименка слатко кондензирано млеко

2 цели жолчки од јајца

половина чаша сок од лимон или лимета

1 лажица кора од лимон

6 цели киви, излупени и исечени на кришки

шлаг

парченца киви и бадеми, за украс

Објавено

Петок, Февруари 14, 2020 - 12:06

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе