Печени крушки со еспресо маскарпоне крем

Приготвување:

За крушките:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги крушките, преполовете ги по должина и извадете го јадрото. Ставете ги со пресечените страни нагоре во тава за печење и полејте ги со сок од лимон. Попрскајте го шеќерот рамномерно врз преполовените крушки и одозгора ставете по парченце путер. Истурете вода во тавата за печење и печете ги крушките 30 минути, неколку пати прелевајќи ги со сокот од тавата. Превртете ги крушките и печете уште 30 минути, неколкупати прелевајќи со сокот. Крушките се готови кога ножот лесно ќе лизга во најгустиот дел. Оставете ги да се оладат на собна температура.

За маскарпоне-кремот:

Истурете го шлагот во мала чинија. Додајте го ванилин шеќерот и измешајте. Покријте го садот и ставете го фрижидер најмалку еден час.

Непосредно пред сервирањето, измешајте го кремот со маскарпонето и еспресото и матете на средна брзина сè додека состојките не се спојат. Зголемете ја брзината и со вклучен миксер посипете шеќер и матете додека не се формираат меки врвови.

Врз печените крушки ставете од маскарпоне-кремот. Посипете со бадемите и какаото.

Состојки:
За крушките:
  • 4 крушки, од кој било вид
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици несолен путер
 
  • За маскарпоне-кремот:
  • 1 чаша шлаг
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 чаша маскарпоне
  • 100 г шеќер
  • 2-3 лажици еспресо, оладено
 
  • какао во прав
  • печени мелени бадеми

Објавено

Вторник, Април 24, 2018 - 21:54

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе