Палачинки со јогурт

Приготвување:

Ставете го јогуртот во голем сад и додајте му ги сувите состојки. Промешајте.

Во посебен сад изматете ги заедно јајцата и ванилата, а потоа истурете ги во садот со смесата со јогурт. Промешајте.

Загрејте тава на средно ниска температура и размачкајте малку путер на дното на тавата. Ставајте од тестото со црпалка и гответе од едната страна додека да се формираат меурчиња.

Превртете ја палачинката од другата страна и гответе уште една минута.

Послужете со омекнат путер.

Варијации
Заменете го обичниот јогурт со кој било ароматизиран јогурт (јагода, боровинка и слично). Додајте боровинки или парченца чоколада во тестото за палачинки. Додајте шлаг на палачинките.

Состојки:
2 цели големи јајца

1/2 лажичка екстракт од ванила

7 лажици брашно

2 лажици шеќер

1 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1 чаша јогурт

путер, за послужување

Објавено

Понеделник, Февруари 17, 2020 - 08:04

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе