Палачинки од праски

Приготвување:

Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта, сода бикарбоната, јајцата, маслото и екстрактот од ванила со 2 чаши вода. Додајте го мармаладот од праски.

Извадете ги семките од свежите праски и исечете ги на кришки, а потоа половина од нив исечете ги на мали коцки. Додајте ги коцките праски во смесата, а кришките зачувајте ги за сервирање.

Загрејте ја тавата на средна температура и пржете ги палачинките на путер додека не потемнат од двете страни. Послужете ги со малку мармалад од праска, парченца путер и мед или сируп.

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1,5 лажичка прашок за печиво
  • малку сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 150 мл масло
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 полни лажици мармалад од праски
  • 2 цели свежи праски
  • путер, и за пржење и за послужување
  • мед или јаворов сируп

Објавено

Вторник, Јуни 5, 2018 - 22:01

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе