Мафини од тиква со крем-сирење и цимет

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартиени калапчиња во отворите на тавчето за мафини.

Во голем сад измешајте ги брашното, циметот, ѓумбирот, морското оревче, каранфилчето, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта.

Во друг сад измешајте ги пирето од тиква (пасирана печена или варена тиква), двата вида шеќер, маслото и јајцата.

Прелејте ја смесата над сувите состојки и промешајте со гумена лопатка само колку да се навлажнат.

Распоредете ја смесата во калапчињата во тавчето за мафини. Ставете го во рерна и печете 15-18 минути или додека чепкалката вметната во средина да излезе чиста. Извадете го тавчето од рерната и оставете целосно се оладат пред да го ставите преливот.

Со електричен миксер изматете ги путерот и крем-сирењето на средна брзина додека да станат посветли, околу 2-3 минути. Со миксерот на мала брзина постепено додавајте го шеќерот во прав, матејќи. Додадете ги ванилата и циметот. Зголемете ја брзината на средно висока и матете сè додека преливот не стане светол и кремав, околу 1-2 минути.

Кога колачите ќе бидат целосно оладени, украсете ги со преливот, а на врвот, по желба, ставете по едно гумено бонбонче.

Состојки:

За тестото:

1 чаша брашно

1,5 лажичка цимет

1/2 лажичка мелен ѓумбир

1/4 лажичка мелено морско оревче

1/4 лажичка мелено каранфилче

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1 чаша пире од тиква

1/2 чаша шеќер

1/2 чаша кафеав шеќер

1/2 чаша растително масло

2 големи јајца

За преливот:

170 г несолен путер, на собна температура

200 г крем сирење, на собна температура

3 чаши шеќер во прав

1/2 лажичка екстракт од ванила

1/2 лажичка цимет

бонбони за украс

Објавено

Петок, Септември 28, 2018 - 09:16

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе