Лимон-коцки со фстаци

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го тавчето за печење со стопен путер, па дното и страните обложете ги со хартија за печење.

Во блендер смелете ги фстаците со трошките од колачи и со кората од лимон; додајте го путерот и мелете додека да се изедначи. Притиснете ја смесата од фстаци/колачиња на дното и страните на садот за печење. Печете додека да зарумени, околу 10-12 минути. Ладете ја кората околу 30 минути.

Во голем сад направете го филот: матете ги жолчките додека да побелат, па додајте ги кондензираното млеко и сокот од лимон. Матете ја смесата додека да се изедначи. Прелејте го филот во оладената кора.

Печете околу 15 минути. Ладете го колачот барем неколку часа во фрижидер или преку ноќ. Извадете го колачот од тавата, префрлете го на штица за сечење и исечете го на коцки.

Состојки:
За кората

4 лажици (50 г) несолен путер, стопен и оладен, плус уште малку за подмачкување

100 г излупени фстаци

100 г смелени суви колачи

1 лажица рендана кора од лимон

За филот

2 големи жолчки од јајце

120 мл засладено кондензирано млеко

120 мл свеж лимонов сок

Објавено

Понеделник, Јануари 11, 2016 - 19:33

Коментари

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе