Приготвување:Измешајте ги квасецот, шеќерот, брашното, солта и зачините. Додајте ги млекото и јајцето и измешајте го тестото со дрвена лажица. Пренесете го на малку набрашнета површина и месете додека не стане меко и еластично. Префрлете го во сад обложен со малку масло, покријте го и оставете да се крева 1 час, додека не се удвои во големина. Откако ќе се крене, извадете го тестото и благо замесете го. Загрејте ја рерната на 180 степени. Од тестото откинете парчиња со големина на пинг-понг топче и од нив направете топчиња со еднаква големина. Во средината на подготвеното тавче за печење ставете мал тркалезен огноотпорен сад и околу него наредете ги топчињата тесто, не премногу блиску едно до друго бидејќи им треба малку простор за ширење. Врз нив нафрлете ги парчињата чоколада и морска сол. Покријте го тавчето со пластична фолија и оставете го така уште 30 минути. Кога тестото ќе набабри и ќе се дуплира во големина, ставете го во рерна и печете го 20 до 25 минути, или додека не стане златно-кафеаво. Загрејте го џемот во мала тава и премачкајте го лебот. За сосот за макање, во сад измешајте ги темната чоколада и хоплата и ставете го врз тенџерче со врела вода. Додека водата врие, убаво мешајте додека чоколадата не се стопи. Префрлете го сосот во оладениот сад во центарот на лебот, а потоа кинете од лебот и макајте! | Состојки:5 г сув квасец2 лажици светол кафеав шеќер 450 г бело брашно, плус уште малку за набрашнување 1 лажичка сол 2 лажички рендан ѓумбир 2 лажички цимет 1/4 лажичка морско оревче 290 мл млако млеко 1 јајце, проматено 60 г темна чоколада, крупно исечкана малку морска сол 100 г темна чоколада 100 г слатка хопла 2 лажици џем од кајсија тава за печење од околу 23 см |
Леб со ѓумбир и цимет и чоколаден сос

Објавено
Петок, Септември 6, 2019 - 09:25