Колач со малини и чоколадни трошки

Приготвување:


Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното, па прашокот за печиво, маслото и млекото и сè убаво изматете додека да добиете компактна смеса.

Намачкајте го калапот за колач со путер и посипете малку брашно, па истурете ја смесата. Одозгора нафрлете ги малините и парчињата чоколада и благо притиснете ги во смесата.

Печете на 180 степени околу 40 минути, или во зависност од рерната. Проверете со чепкалка дали е испечено.

Посипете го колачот со шеќер во прав и послужете.

Состојки:
  • 3 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 250 г малини
  • 150 г чоколадни трошки (или ситно искршена чоколада)


 

Објавено

Сабота, Ноември 18, 2017 - 18:30

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе