Колач со кајсии и малини

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте ја тавата со путер, покријте го дното со мрсна хартија и малку набрашнете ги страните.

Во сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот на средна брзина, околу 3 минути. Додајте ги јајцата, едно по едно, матејќи. Со второто јајце додајте ги кората од портокал и ванилата. Додајте половина од сувите состојки и измешајте со широка гумена шпатула, потоа павлаката, а потоа и преостанатите суви состојки. Префрлете го тестото во подготвената тава. Печете 15 минути.

Во меѓувреме, направете го преливот.

Измешајте ги праските, малините, шеќерот и брашното во мала чинија. Со виљушка измешајте за рамномерно да ги премачкате плодовите и благо изгмечете ги малините. Откако тестото ќе се пече 15 минути, извадете го накратко од рерната и брзо и рамномерно распрснете ги плодовите врз него. Продолжете да печете додека вметнатата чепкалка во центарот на колачот да излезе чиста, уште 25 до 30 минути.

Послужете го колачот топол, на собна температура.

Состојки:
  • 170 г брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче сол
  • 100 г несолен путер, на собна температура
  • 200 г шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1,5 лажиче ситно рендана кора од портокал
  • 1/2 лажиче чист екстракт од ванила
  • 200 г павлака
  • За преливот:
  • една голема, зрела праска, преполовена и исечена на многу тенки кришки
  • 100 г свежи малини
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица цимет

Објавено

Вторник, Септември 18, 2018 - 16:27

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе