петок, 19 април 2024

Како тоа одеднаш училиштата ќе ги одработуваат двете „изборни“ среди? Владата молчи

Од утрово владее вистинска забуна во училиштата, меѓу учениците и нивните родители, откако Министерството за образование упати допис до училиштата дека двете среди, 24 април и 8 мај школитге часовите /ќе ги одработат во саботи, иако Владата овие два дена ги прогласи за неработни за сите граѓани со напомена дека деновите нема да се одработуваат. Дали има недоразбирање меѓу Владата и министерството? Од Владата и МОН не одговараат на прашањата.

Објавено на

часот

Сподели

Иако МКД.мк постави прашање до владината прес-служба „Дали наставниците и учениците во саботи ќе ги одработуваат двете среди, деновите на парламентарни и претседателски избори, имајќи го предвид соопштението од Владата дека се неработни денови за сите граѓани и дека тие  денови нема да се одработуваат, но и имајќи предвид дека саботите се неработни денови“, до 18 часот од Владата не добивме одговор. Нема одговор и покрај неколкуте наши потсетувања дека чекаме одговор.

Молчат и од Министерството за образование на прашањето дали одлуката објавена и во Службен весник за одработување на средите е донесена во консултација со Владата. Дури, министерот Јетон Шаќири не ја реализира посетата на Куманово планирана за денеска, можеби за да не одговори на новинарски прашања.

И од Самостојниот синдикат за образование и култура – СОНК очигледно уште немаат одговор од министерството на нивната писмена реакција  во врска со одлуката за одработување на двете среди.

„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година“, објави лидерот на СОНК, Јаким Неделков.
Како што веќе објави МКД.мк, Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови.
Освен тоа, во дописот на министерството е наведено дека школите во Скопје на 15 јуни ќе го одработуваат денот од 30 ноември лани, кога изгубија настава поради Министерскиот совет на ОБСЕ.
П.Џ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ