Колач со грозје

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Измијте ги целите гроздови, исушете ги и ставете ги во тава обложена со хартија за печење, додадете една лажичка масло и промешајте за да се премачкаат. (Ако грозјето има семки, пресечете ги гроздовите на пола.)

Печете ги 20-30 минути, додека да зачрчорат и да пуштат сок. Може да потрае повеќе или помалку во зависност од големината на гроздовите. Некои ќе бидат попечени од другите.

Зголемете ја температурата на рерната на 180 °Ц.

Премачкајте ја тавата за печење со путер.

Матете го путерот со шеќерот 3 минути, додека да станат светли. Додадете ги јајцата, едно по едно, и матете.

Додадете ја ванилата и добро изматете.

Измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта и просејте ги директно врз смесата од течни состојки. Матете само додека да се спојат. Не претерувајте со матењето.

Истурете го тестото во подготвената тава и расфрлете го грозјето одозгора.

Печете околу 45 минути, додека да порумени и да се крене и брцнатата чепкалка да излезе чиста.

Оставете да се излади и поминете со тап нож околу рабовите. Извадете го колачот од тавата.

Попрскајте го со шеќер во прав пред сервирањето.

Состојки:
115 г омекнат, несолен путер

1 чаша (200 г) шеќер

2 јајца, на собна температура

1 чаша (140 г) брашно

1 лажичка прашок за печиво

малку сол

1 лажичка чист екстракт од ванила

1 ½ чаша грозје без семки

шеќер во прав, за сервирање

Објавено

Петок, Септември 17, 2021 - 12:36

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе