Колач од банани и чоколада

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ја тавата за печење со малку масло.

Излупете ги бананите и добро изгмечете ги. Додајте им ги кафеавиот шеќер, маслото, млекото и јајцата и убаво измешајте. Додајте ги брашното, прашокот за печиво, солта и циметот и промешајте. Додајте половина од чоколадата, искршена на мали парченца.

Префрлете го тестото во подготвената тава и одозгора посипете ги останатите парченца чоколада. Печете 18-22 минути, додека чепкалката боцната во центарот не излезе чиста.

Целосно изладете го колачот и исечете го на коцки.

Состојки:
5 многу зрели банани

3/4 чаши кафеав шеќер

1/4 чаша масло

1/4 чаша млеко

2 јајца

1,5 чаша брашно

1 ќесичка прашок за печиво

1/2 лажиче сол

1 лажиче цимет

200 г чоколада за готвење

Објавено

Сабота, Април 4, 2020 - 15:58

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе