Коцки од чоколада и кикиритки

Приготвување:

Обложете квадратна тава за печење со мрсна хартија.

Измешајте ги стопениот путер, мелените бисквити и шеќерот. Од путерот од кикиритки оставете 2 лажици за подоцна и остатокот додајте го во смесата, а потоа рамномерно нагмечете ја во подготвената тава за печење.

Во микробранова печка или на шпорет стопете ги преостанатите 2 лажици путер од кикиритки со чоколадата. Мешајте додека смесата да се изедначи. Намачкајте ја врз слојот со путер од кикиритки.

Ладете го колачот во фрижидер додека не биде целосно цврст, најмалку 2 часа. Оставете го на собна температура 10 минути пред сечењето. Служете го разладен.

Состојки:
120 г солен путер, стопен

150 г мелени бисквити

250 г шеќер

300 г мазен путер од кикиритки

200 г чоколада за готвење

Објавено

Вторник, Март 31, 2020 - 22:39

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе